Станува збор за филмот ‘Runner, Runner’, кој се бави со темата коцкање преку интернет. ‘Runner, Runner’, ќе биде во режија на Бред Фурман, кој минатата година го потпишал филмот ‘The Lincoln Lawyer’, кој добил доста позитивни критики. Иако деталите околу дејството се непознати, медиумите пренеле дека во него ќе глумат Бен Афлек и Џастин Тимберлејк, и дека приказната ќе се занимава со коцкањето преку интернет.

Сценариото го напишале Брајан Копелман и Дејвид Левиен, кои стојат и зад сценариото на покерашкиот трилер ‘Rounders’, снимен во 1998 година. Афлек и Тимберлејк моментално се затрупани со работа па не знае кога ќе започне снимањето. Ве меѓувреме, Афлек го завршува филмот ‘Argo’, а Тимберлејк го снима ‘Trouble With The Curve’ со Клинт Иствуд.