Минатиот месец објавија дека се разведуваат, но се обидуваат да останат во добри односи. Бен Афлек го мина својот 43. роденден во друштво на сопругата Џенифер Гарнер. Додека медиумите на големо пишуваат за неговата наводна афера со дадилката поради која актерката реши да стави крај на бракот, тие со сите сили се обидуваат да остават впечаток на складно семејство.
Со нив биле нивните три деца, ќерките Вајолет и Серафина и синот Самјуел, а им се придружи и мајката на актерот Кристин. Афлек за роденденот одлета во Атланта како би бил со Џенифер и нивните деца. Актерката моментално е во близина на тој град каде го снима својот нов филм. За тоа време медиумите не престануваат да пишуваат за поранешната дадилка на нинвите деца, Кристин Узонијан, со која актерот наводно ја изневери својата сопруга.