Американскиот актер и режисер Бен Афлек признал дека е опседнат со парите уште од раното детство. Во интервју за списанието Плејбој славниот актер открил дека се плаши да заврши како и неговиот татко, кој поради проблеми со алкохолот изгубил се и се нашол на улица. Истакнал дека кога еднаш ќе почнете да пиете, тешко дека ќе ги реализирате своите соништа.

Неговиот татко своевремено многу пиел. Алкохолот го уништил а мајка му го исфрлила од куќата, па тој завршил како бездомник. тој навел дека поради тоа отсекогаш бил опседнат со парите и успехот. Објаснил дека во неговата глава од мал парите имале големо значење. Тоа му било во крвта а поради таа опсесија веројатно направил некои филмови кои не требало да ги сними.