УЕФА ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на реванш натпреварите на Шкупи против Шамрок Роверс и Шкендија против АИК идната недела во Скопје.

Шкупи во вторник го пречекува ирски Шамрок со негатива од 1-3 во реваншот од 3. квалификациско коло во Лига Европа, а за главен судија на натпреварот е назначен Алексеј Булбаков од Белорусија.

Два дена подоцна Шкендија, исто така, на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува шведски АИК во реванш натпревар од 3. квалификациско коло во Конференциската лига, по нерешените 1-1 во Стокхолм.

За главен судија на реваншот во Скопје е назначен Роналд Робертсон од Шкотска.

OhridNews