Вокалите на легендарниот бенд „Бело Дугме“, Тифа, Ален и Бебек, на 18 јули ќе одржат голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, дознава „Ohridnews“.

Организатор на концертот е „Бродвеј“ продукција која веќе испратила допис до СРЦ „Билјанини извори“ околу терминот и условите за настап на легендарниот бенд.

-Задоволни сме и почестени што на 18 јули ќе гостува легендарниот бенд „Бело Дугме“, со што ја продолжуваме традицијата на настапи на познати музички имиња во летната туристичка сезона, што ќе придонесе за уште поголема промоција на Охрид, ни изјави директорот на ЈП „Билјанини извори“, Иван Цветкоски. Тој најави уште едно големо музичко изненадување за охриѓани, за кое како што рече, јавноста дополнително ќе биде информирана.

М.П.