Жан Пол Белмондо во негов стил, бунтовник и во врема на забрани. И овојпат покажа дека е над министерот, и “НАД“ законот…Додека министерот за економија и охридските туристички работници разговараа за последиците од имплементацита на законот за пушење во „Објектив“ Белмондо им “чадеше“ над главите.


Белмондо над министрите и законот против пушење

Угостителите и хотелиерите се пожалија дека воведувањето на законот за заштита од пушењето негативно се одразува на нивното работење и побараа негова измена. Министерот ги сослуша, посочувајќи дека во Парламентот веќе е покрената инцијатива за измени во законот, чија примарна цел, како што рече, е да го заштити здравјето на граѓаните.

Ohridnews