Горна Белица – струшко е во зимска идила. Ноќеска таму наврнаа над 40 сантиметри снег. Белата покривка им ги разубави новогодишните празници на мештаните и стотината викендаши. Ги има од  Охрид, Струга, Битола Скопје…Во селото моментално има околу 200 викендички, а уште педесетина се во изградба. Во недопрената природа има и хотел кој некогаш беше сопственост на ЕСМ-ЕВН, а денес со него стопанисува МПЦ. Прекрасните зимски пејзажи мамат се повеќе луѓе во овој крај, кој има голема туристичка перспектива.


Белица со 40 сантиметри снег како од бајките


Ohridnews