Денеска се одржа последната од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење чиј домаќин е Охрид.
200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи.
Од македонските натпреварувачи до најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо.
46то Балканско Првенство во Едрење како најголема манифестација некогаш одржана на Охридското Езеро ќе биде затворено вечерва на градскиот плоштад во Охрид каде ќе бидат доделени награди за годинешните балкански шампиони.
OhridNews