Жителите на зоолошка градина во Јапонија, три поларни мечки, ги збуниле посетителите откако крзното им позеленало. Инаку белите мечки од Хигашијами, зоолошка и ботаничка градина, ја промениле бојата откако се капеле во базен преполн со алги.
Високите летни температури и реткото менување на водата довеле до големо намножување на алги во базенот. Алите се пикнале длабоко во крзното на мечките и е многу тешко да се извадат. Се очекува дека природната боја ќе им се врати во текот на зимата кога ќе се смири растот на алгите.