Организатор на традиционалната Илинденска регата, која годинава од 31 јули до 2 август ќе го има јубилејнот 40 – та издание е едриличарскиот клуб АМАК-СП Бофор. Помагатели се ЕК Снегар како и Едриличарската Федерација на Македонија.

Околу 100 учесници од девет земји ќе се натпреваруваат во седум разчлични класи на Регатното поле кое е на потегот градско пристаниште – хотел Горица – Канео. Во зависност од временските услови,се предвидува секој ден да има по четири регатни возења.Регатните возења ќе започнат на 31 јули во 10 часот, на 1 и 2 август.


Претседателот на Собранието на Е.К. АМАК-СП Бофор Стефан Ставрев на прес конференцијата побара од граѓаните да се воздржат од пловење на делот предвид з а натпреварвување.

Капетанијата, граничната полиција, центарот за обука на вода ќе се грижат за редот и мирот во регатното поле. Апелираме до охриѓани во периодот на одржување на регатата да се воздржат од користење на нивните пловни објекти.

Илинденската регата во финансиска конструкција најголемиот товар го носи традиционалниот спонзор компанијата АМАК СП.  Покровител на 40-та Илинденска регата е преседателот на АМС Драган Ѓурчески.

М.Постоловски