Сабота, ден убав, времето променливо час топло, час облачно. Сезоната во Охрид започна, а ние како и обично се жалиме нема туристи, а за истите мислиме дека доволно е што мајката природа ни го подарила овој прекрасен град Охрид и доволно е да се направи некое апартманче или пак уште подалеку хотел и туристите сами ќе дојдат! Ајде тие можеби и ќе се излажат на ефтините аранжмани преку туроператорите, но на што ќе наидат!
Мојата ќерка ми вели да одиме на Бела ноќ, ќе пеела Каролина Гочева! Добро го замислиле овој хепенинг, но за кого си велам! Како охриѓани важиме за ладен народ, многу самбендисан, а сакаме да бидиме угостители! Прво треба да научиме што значи зборот угостителство, а потоа да го нудиме на вистински начин и со висока професионалност!
Добро, и реков на мојата ќерка и се подготвивме да одиме на т.н. Бели Ноќи! Брзо ќе задоцниме – ме влечеше мојата ќерка, и речиси во 21 и 20 веќе бевме на плоштад! А таму живо пиле немаше, бината наместена, ечи музика, а народ никаде! Ајде можда туристите не биле информирани, ама охриѓани каде беа или баш му е гајле за Белата ноќ!
Ќерка ми застна до бината и чекаше да се појави Каролина Гочева, а јас знаев дека тоа нема да се случи уште најмалку еден час, додека не се собери малку барем народ! И реков дека ќе седнам во најблискиот сендвич бар и ќе ја чекам. Најдов една маса со две столчиња, да не ме гледаат газдите наопаку што зафакам цела маса со една пијачка и чекам некој да ме послужи! Трчаат три келнери наоколу како мува без глава, а во сендвич барот речиси и да немаше гужва! Не знам зошто беа толку испаничени и неорганизирани! Девојката која беше “келнерка” безброј пати помина покрај мојата маса, а ниту еднаш не најде за згодно да ме праша дали сакам нешто!!! Поминаа речиси дваесетина минути кога еден дечко дојде и ме праша што ќе пијам! Си помислив сок не ми се пие, за пиво беше ладно, па ајде му велам донеси ми еден шток!!! Повторно пауза, трчаат како мува без глава, а јас се уште не добив пијачка! Најпосле дечкото доаѓа и ми се извинува и ми носи шток! Јас конечно задоволно, ја дигам чашата и што ќе доживеам! Во чашата се имаше, можеби лоша ракија, незнам каква хемија беше тоа, но никако шток! Добро, жена на мои години има пиено шток за доручек и би го препознала уште од една капка. Го повикав еден од “келнерите“ кој за жал не ме послужи, а тој едноставно ме “ откачи” дека не знае каков вкус имал штокот! Боже помогни ми да се воздржам од бесот кој што ми надоаѓаше!! Во чии раце го имаме препуштено нашето угостителство!! На некој кој ми рече дека дошол од Куманово и кој знае можеби да препознае млеко со какао и можеби знае дека водката има бела боја!! Ех Субрата Рој, си велам зошто бара уште земјиште за да го смести персоналот! Ние си имаме машинци, текстилни работници, знаат да ја носат табаката друго што треба!! Додека така размислуваме сами не ќе можиме да се нахраниме, а камоли да му приредиме “гастрономско доживување” на туристите! Можеби гастрономско малтретирање или иживување!!!
Нервозно го повикав т.н. келнер кој ми го донесе штокот жалејќи се дека во чашата нема шток! Тој упорно ми објаснуваше дека е шток (ми го донесе дури и шишето да го видам), зашто шишето било од шток! Јас му велам, да во шише од шток ставена лоша ракија! Побарав да го викнат газдата и веднаш се заканав со инспекција! Спомнав санитарни книшки, курс за лична хигиена, осигурување на вработени и сл. Изгледа тоа вешто го направив кога за неколку минути т.н. “келнер” се врати со 100 денари кои капак на сé веднаш по послужувањето ми ги побара и со ново шише шток кое што ми го отвори пред мене. Во чашата како да сакаше да ме подмити ми тури повеќе од две дози и тоа без мраз! Си помислив колку луѓе претходни имаат изманипулирано, точат лоша ракија а наплаќаат за шток! Да не зборувам за тоа што во име на тој хепенинг требаше да работат со попуст од 30%. Ма каков попуст, никој не го ни спомна!
Станав и неровозно се одалечив од тој бар барајќи ги моите пријателки кои секој момент требаше да стигнат! Се вртев десетина минути кога ѕвони мобилниот, а од другата страна гласот на мојата пријателка: Дојди седнавме на една висока маса за двајца во овој сендвич барот блиску до бината!!! Ех второто породолжение ќе Ви го раскажам во друга прилика!!!
Бели ноќи, ние уште бел ден не можеме да видиме камоли бели ноќи!!! Мојот брат знае да каже: Ваа ноч, није мој дан! А со вакво угостителство и без пари нема да ни дојдат туристи! Да можеби со субвенциите кои што ги дава Владата ќе дојдат за џабе еднаш, ама друг пат нема да се вратат! Град на Унеско, претседателски самит, нечепната природа, Македонски Ерусалим, тешки зборови за деца кои знаат да изустат само Тапши, тапши, танана!!!
А.В.
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.
Кон јубилејната ретроспективна изложба на Славко Упевче Јубилеите се извонредна прилика да се навратиме и одново да го проследиме патот на некој уметник кој со четка и боја оставил трага во времето...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.