Вчера вечер во рамки на фестивалот Охридско лето се одржа првата драмска претстава „Покондирена тиква“ од Јoван Стерија Поповиќ, а во изведба на „Народно позориште“ од Белград.Публиката во преполно гледалиште во предворјето на Св. Софија уживаше во актерската изведба. Впечатливи беа сите ликови, а посебно се издвојуваше ликот на богатата вдовица Фема која ја глумеше Олга Одановиќ – Петровиќ. За одличната игра на крајот на претставата публиката ги награди актерите со долготраен аплауз.


Белградското “Народно позориште“ го исполни предворјето на Св. Софија

OhridNews