Обид за убиство и самоубиство рано утрово се случиле во елитната населба во српската престолнина Белград, Дедиње. Српските медиуми пишуваат дека во стан на Дедиње смртно страдал маж, а едно женско лице било повредено. „Блиц“ и „Новости“ пишуваат дека ранетата жена е актерката Ивана Панзаловиќ (30) позната по улогата во серијалот „Курсаџии“. Според истите извори, во неа пукал хирургот С.Ц (59) кој работи во Воено-медицинската академија (ВМА).
„Новости“ пишуваат дека пред трагичниот настан И.П повикала полиција и пријавила дека нејзиниот партнер С.Ц со нож ја брка по станот. Иако полицијата стигнала многу брзо во станот, трагичниот настан веќе се случил.
С.Ц најпрвин пукал кон актерката, а потоа си пукал во главата. Тој веднаш починал, додека И.П се здобила со полесна повреда и била пренесена на ВМА.