Белград од денеска до сабота ќе биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига.
Првото полуфинале денеска ќе го игра актуелниот шампион Ефес против Олимпијакос од 18 часот. Ова претставува 45. средба за двата тимови, чиј исход е 22:22.
Од 21 часот ќе се соочат Реал-Барселона. Во регуларниот дел од сезоната Барселона ги доби двата натпревари, во декември дома (93:80), а потоа во февруари во Мадрид (86:68).
Победниците ќе играат за титула во сабота, а турнирот се одржува во „Штарк Арена“.
OhridNews