Белгиските археолози во Египет пронашле остатоци од гробница, стара околу 3200 години, која му припаѓала на еден од истакнатите советници на фараонот Рамзес Втори. Пирамидата на везирот Кај била откриена во околината на Луксор, на југот на Египет, за време на ископувања вршени на ридот Шеик Абдел Курн, соопштил египетскиот секретаријат за антиквитети.
Остатоците од пирамидата, која била висока 15 метри му припаѓала на везирот на Горен и Долен Египет по име Кај. Споменикот бил срушен во седмиот или осмиот век од нашата ера која гробницата била претворена во коптска населба. Откритието е од голема важност, бидејќи Кај, кој 15 години ја вршел должноста везир на дворот на Рамзес Втори, е добро познат на истражувачите преку големиот број документи.