Белгискиот велосипедист, Бјорг Ламбрехт го загуби животот на третата етапа од трката околу Белгија. Како што пишуваат медиумите, тој изгубил контрола на влажниот коловоз и со глава удрил во бетонски водоводни цевки. Веднаш бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.
- Беше донесен во критична состојба и за жал почина за врема на операцијата. – изјавил за медиумите портпаролот на болницата во Рибник.
Големата трагедија ја потврди и неговиот тим Лото Судал со кратка објава на социјалните мрежи.
- Најголемата трагедија која можеше да се случи на семејството, пријателите и тимските колеги на Бјорг се случи… Почивај во мир Бјорг. – гласеше постот на Твитер.
OhridNews