Белгиски брачен пар после медениот месец поминат во словенечката престолнина, ќерката ја крстиле Љубљана откако им објасниле дека во превод значи „љубена“.
Љубљана
Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанкович и градската туристичка организација ги поканиле следната година да бидат нивни гости. Среќните родители се одушевени што повторно ќе имаат можност да ја посетат Љубљана, а на љубопитните им објаснуваат што значи името на нивната ќерка. Сепак овој превод е чисто народно објаснување. Словенечките лексичари наведуваат дека најверојатно името Љубљана настанало од латинскиот збор „алувиана“ што значи река која поплавува.
ohridnews