Двајца белгиски крадци кои самите себеси се разнеле погрешно проценувајќи колку динамит им е потребен за да ја разнесат вратата на банката, постхумно биле наградени со Дарвиновата награда за глупавост.

Неверојатно непромисленото дуо ја победило конкуренцијата за Дарвиновата награда за 2009-та година, која се доделува на луѓето кои поради исклучителни и оригинални глупости ја предизвикуваат сопствената смрт.


Победничкиот белгиски тим наумил со динамит да разнесе врата од банка. Но, значително ја прецениле количината на динамитот која им е потребна, а резултатот бил толку силна експлозија, што ја кренале зградата во воздух, а и самите погинале на лице место.

Полицијата подоцна изјавила дека нивната смрт била толку брза што никој не успеал да им каже: “Требаше само да ја скршите проклетата врата!“

Шон Мотеро од Флорида го зазел второто место, а фатална се покажала неговата потреба за  мала нужда. Шон возел со својот автомобил кога морал да застане и да најде скришно место за мала нужда. Го прескокнал малиот ѕид зад кој сакал да се сокрие, но не сфатил дека стои на мост, па скокнал од височина од 20 метри и останал мртов на место.