Белгиската полицијата трага по најмалку две лица од кои едното најверојатно има појас кој го носат исламистичките бомбаши самоубијци или бомба слична каква што користела бомбашите самоубијци во терористичките напади во Париз на 13-ти ноември, објави вечерва весникот „Soir“, пренесува „Макфакс“.

Белгиските медиуми објавија дека Салах Абдеслам, кој се смета за еден од организаторите и извршителите на париските напади и по кој е распишана меѓународна потерница, дошол од Париз во бриселскиот кварт Лаекен, ден по нападите, минатата сабота на 14-ти ноември. Со автомобил го пренеле двајца негови пријатели од квартот Моленбек, 21-годишниот Хамза Атух и 27-годишниот Мухамед Амри, коишто беа уапсени во рацијата во оваа приградска населба на бриселската престолнина изведена во понеделникот.

Адвокатката на Хамза Атух, Карин Кокуле изјави дека нејзиниот клиент на иследниците им изјавил дека Салах Абдеслам „можеби имал експлозив“ под јакната.

Атух на последното испрашување на наводното ги потврдил информациите дека едно лице го видело Салах Абдеслам во близина на стадион „Крал Бодуен“ во Брисел.

Адвокатката Кокуле ги пренесува зборовите на Атух дека Адбселам „бил многу нервозен, дека можеби имал на себе експлозив, сокриен под јакната и дека бил спремен да го активира, но дека тој (Атух) лично не го водел експлозивот“. Хамза Атух, според адвокатката тврди дека не знаел дека Абдеслам е еден од извршителите на нападите во Париз.

Француската полиција го запрела автомобилот со кој од Париз допатувал во Абдеслам, но неговото име тогаш, ден по атентатите, сé уште не беше ставено на потерница. Двајцата негови пријатели кои го довеле, уапсени се два дена подоцна во бриселскиот кварт Моленбек. Полицијата, наводно, тој автомобил го контролирала двапати.

„Секогаш се случувало: повелете документите, благодариме и довидување“, вели адвокатката на Атухм додавајќи дека според него Абдеслам бил „многу вознемирен“ во текот на контролите.

OhridNews
извор:„Макфакс“