Селекцијата на Белгија е следниот противник на Македонија во квалификациите за мундијалот во Бразил 2014 година. “Црвени ѓаволи“ во Македонија ќе допатуваат в четврток, а веднаш ќе одржат тренинг на “Филип Втори“.

Стандардно “големите“ селекции на новинарите од домашните куќи им дозволуваат само 15 минути од тренингот да ги сликаат и да се запознаат со нивната големина.

Така во Скопје ќе направи репрезентацијата на Белгија која по 15 минути ќе се затвори и во тајност ќе се спрема за дуелот со Македонија.

Натпреварот се игра в петок на 22 март со почеток од 20:45 часот.

Мх.П.