Судот во Мадрид, издаде наредба за апсење на сепаратистичкиот лидер и четворица членови на неговата влада, кои се наоѓаат во Брисел. Каталонските сепаратисти се обвинети за “бунт, злоупотреба на јавни средства и непослушност кон власта”. Ако сега биде уапсен Пуџдемон, Брисел ќе го предаде на шпанските власти во рок од 60 дена. Сепак, белгиските власти, исто така, може да одбијат екстрадиција ако веруваат дека нивните човекови права ќе бидат повредени.
Адвокатот на Пуџдемон објави дека поранешниот лидер на каталонската влада сака да остане во Белгија, целосно подготвен да и помогне на локалната правда. Тој одбива да се врати во својата татковина додека не се гарантира фер судење.
Во меѓувреме, стотици граѓани протестираа во Барселона во знак на протест поради притворањето на членовите на паднатата каталонски влада.
Самиот Карлес Пуџдемон не се откажал од своите политички амбиции и е подготвен да се појави на предвремените парламентарни избори во Каталонија, кои се очекува да се одржат во декември.