Еден белгиски супермаркет официјално започнал со продажба на линија прехрамбени производи кои содржат инсекти, поточно црви. Со тоа Белгија станала првата земја во ЕУ која го сторила тоа. Белгискиот трговски ланец Делхаизе засега нуди конзервирани црви со два додатоци, домати и моркови. Линијата производи наречена е “Green Bugs” и не изгледа како понудата на инсекти за јадење во егзотичните земји. Иако станува збор за црви, во конзервата не се гледаат делови од нив и не се движат. Секоја од конзервите има само 5 до шест проценти содржина од црви во себе.
Од супермаркетите истакнуваат дела црвите се многу ситно исецкани и не е можно лесно да се воочат со голо око. Содржината на тие конзерви повеќе потсетува на храна за бебиња или мелен зеленчук. Портпаролот на компанијата вели дека производите од инсекти моментално се во тренд, а Делхаизе сака да се постави како пионерски ланец во продажбата на храна. 125 грама од црвите чинат околу 3,5 евра.