Белгиското правосудство подигна обвинение против второ осомничено лице кое е испитувано во Брисел во рамките на истрагата за нападот кој во четвртокот е спречен во Франција, објави сојузното обвинителство. Уапсениот во петок Абдерман А. е обвинет во неделата за „учество во активности на терористичка група“, откако во саботата обвинителство објави обвинение против Рабах Н. Обвинителството на Белгија, се придржува до вообичаената практика, и не ги објавува целосните идентитети на обвинетите, па ниту на Абдреман А., кој при апсењето бил ранет во ногата во престрелка во центарот на Брисел.

Француските власти во четвртокот објавија дека истиот ден спречиле планиран напад кој бил во „напредна фаза“ и го уапсила 34-годишникот кого го идентификуваа како Френсез Ред Крикет, но не е познато дали тоа е вистински идентитет. По неговото апсење, полицијата во неговиот стан во предградие на Париз открила оружје и експлозиви. Тој минатата година веќе бил осуден во Белгија во отсуство во процесот против џихадистичката мрежа во која бил активен и Абделхамид Абаауд, кој е посочен како организаторот на атентатите во француската престолнина од ланскиот 13-ти ноември.

Белгиските власти во неделата, исто така, објавија дека во нападите од 22-ри март во Брисел се убиени 28 луѓе, а дека тројца загинати се бомбашите самоубијци.
Од 28-те убиени, идентификувани се 24 лица, од кои 14 загинати на аеродромот Завантем и 10 на станицата Малбек во подземната железница, недалеку од седиштата на европските институции. Од 24-те идентификувани жртви, 13 се Белгијци, а 11 се странски државјани на осум земји.

Бројот на мртвите, истакна портпаролот, е привремен, бидејќи на одделите за интензивна нега во бриселските и околните болници се наоѓаат голем број тешко ранети кои се во критична состојба. Бројот на вкупно ранетите претходно беше 316.

OhridNews

извор Макфакс