Светското првенство во трки на полжави ќе се одржи на 21 јули во пивницата “Bras&Vu” во градот Лиеж, соопштија организаторите. Славниот белгиски рели возач Марк Дуез кој ќе ја надгледува трката вели дека натпреварувањето мора да биде организирано до најситен детал. Организаторите за оваа прилика ангажирале и еден член од медицинската комисија на белгиската велосипедска федерација кој ќе биде задолжен за неизбежната анти допинг контрола. Зесега своето учество го потврдија претставници од Швајцарија, Гватемала, Франција, Демократска Република Конго, Аргентина, Италија и Монако, јавуваат белгиските медиуми.

 

Во трката ќе се најдат разни видови полжави, од „нервозни“ мали сиви, преку нешто потромави, но поробусни сиви, до поединечни национални примероци. На почетокот на трката, полжавите се поставуваат во подножјето на исправена мотка долга 42, 195 метри.  „Tренерите“ ги советуваат за подобри перформанси своите пулени да ги нахранат со детелина и салата. Наградите се рецепти за јадења со полжави, а целиот приход од шампионатот, кој ќе биде следен со музички нумери и дегустации, ќе биде наменет за добротворни организации.