Португалецот Олегарио Бенкуеренка ќе биде главен арбитар на квалификацискиот натпревар на Македонија во Брисел против Белгија.

34-годишниот судија со знакот на ФИФА иако млад има големо искуство на меѓународни натпревари.

Бенкуеренка го водеше мечот на мундијалот во Јужна Африка во 2010 година Уругвај – Гана, кога Луис Суарез со рака спречи погодок за селекцијата од “црните ѕвезди“.

Квалификацискиот натпревар Македонија против Белгија го игра вторник во 20:45 часот.

Мх.П.