Без голови 0-0 заврши првиот дел од квалификацискиот натпревар за мундијалот во Бразил меѓу Белгија – Македонија.

Избраниците на селекторот Марк Вилмотс целосно ја контролираа играта во првиот дел, но без некоја стопроцетна прилика за погодок.

Македонската репрезентација во првиот дел одигра зрело и организирано во одбраната, а во нападот напаѓачите Пандев, Ибраими и Иваноски се доста резервирани.

Мх.П.