Белгиското обвинителство го потврди вчера го потврди апсењето на пет лица, меѓу кои и Мохамед Абрини по кој се трага од терористичките напади во Париз од ланскиот 13-ти ноември, но сé уште нема официјална потврда дали тој е таканаречениот „мажот со шапка“ од снимките на надзорните камери на меѓународниот бриселски аеродром Завентем непосредно пред терористичките напади од 22-ри март.

Мохамед Абрини, 31-годишен белгиски државјанин од мароканско потекло, е осомничен дека учествувал и во париските и во бриселските терористички напади. Неговите отпечатоци од прсти и ДНК се најдени во стан во бриселскиот кварт Шарбек, од кој терористите со такси возило тргнале кон аеродромот Завенетем на 22-ри март.

Полицијата има сознанија дека Абрини е виден во друштво на браќата Салах и Ибрахим Абдеслам неколку дена пред ланските напади во Париз. Тој наводно ги возел од Брисел во Париз и им помогнал да најдат стан во француската престолнина, каде што го подготвувале нападот.

Претходно веќе како бомбашите самоубијци во бриселскиот аеродром се идентификувани Ибрахим Ел Бакрави и Наџим Лахрави, дека е третиот маж со очила и шапка, кој се гледа на снимките од надзорните камери, побегнал пред нападот оставајќи ја количката за багаж на која била торба со експлозив. Таа направа не е експлодирала во време на нападот, туку е активирана контролирана од полицијата.

Веднаш по апсењето на Абрини во медиумите започнаа тврдењата дека тој „најверојатно“ мажот со шапката од аеродромот Завенетем. Белгиското обвинение соопшти дека тоа уште не може да се потврди и дека во тек се проверки. Освен Абрини, уапсен е и Осама Крејем, кој е осомничен дека е второто лице кое било во подземната железница Малбек непосредно пред нападот. Тоа лице е снимено во друштво на бомбашот Калид Ел Бакрави непосредно пред нападите на станицата Малбек. Обвинителство, исто така, потврди дека тоа лице во трговскиот центар City2 во центарот на Брисел ги купило торбите во кои терористите го имале експлозивот од 22-ри март на терминалот на бриселскиот аеродром.

Осама Крејем го користел лажното име Наим Ал Хамед. Грчките власти земале отпечатоци на лице под тоа име во септември минатата година на островот Лерос, од каде заминал натаму кон север. Обвинителството потврди дека по него во центар за прифаќање бегалци и имигранти германскиот град Улм на 3-ти октомври минатата година со автомобил дошол Салах Абделсам и го донел до Брисел.

OhridNewws
Извор:„Макфакс“