Македонија пред двата натпревари со Белгија во рамките од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година беше во серија од три победи, а “црвено жолтите“ на ФИФА ранг листата во период од шест месеци имаа скок од неверојатни триесет места.

Но пред македонските репрезентативци се исправи предизвикот Белгија, кој фудбалерите одлично го прифатија, но на двата меча со наивни грешки и им порадаривме шест бодови, а тоа на ФИФА ранг листата ќе не чини неколку места наназад.

Со победите над Македонија селекцијата на Белгија ќе има мал, но значителен напредок додека од нашата група Хрватска ќе обезбеди место во десетте најдорби репрезентации во светот.

Македонската фудбалска репрезентација следните мечеви ги игра во јуни, против Шведска на 3 јуни и на 6 јуни со Велс во седмата рунда од мундијалските квалификации. 

Мх.П.