Познатиот белгиски судија Франк Де Блекере ќе ја дели правдата на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Хрватска кој ќе се игра во сабота 20.00 часот на Градскиот стадион во Скопје.
УЕФА ги објави судиите за овој дуел, а на Де Блекере ќе му помагаат неговите сонародници Херманс и Хуес, четврти судија на средбата ќе биде Пол Алерц.
Лани го судеше полуфиналето од Лигата на шампионите, меѓу Милан и Манчестер Јунајтед, на големите натпреварувања за издвојување се четири натпревари на СП 2006 година и тоа Аргентина-Брег на Слоновата коска, Хрватска-Јапонија, Англија-Еквадор и четврт-финалето меѓу Италија и Украина.
Де Блекере по втор пат ќе и суди на Македонија, првиот пат беше во септември 2003 година кога ја делеше правдата на натпреварот Македонија-Англија 1-2 .
Изминатиот викенд иако е белгиец Де Блекере имаше прилика да го суди холандското дерби Феенорд- Ајакс кое заврши 2-2.