Селекциите на Белгија и Холандија ги забележаа вторите победи во натпреварите од групната фаза на Европското првенство, победувајќи Данска со 2-1 односно Австрија со 2-0.

Белгиските фудбалери во натпреварот посветен за Кристијан Ериксен со пресврт во вториот дел ја совладаа данската селекција. Данците уште во втората минута поведоа и најавија интересна пресметка. Стрелец на голот беше Полсен. Во 10-та минута двете селекции застанаа и со аплаузи го поздравија Ериксен, кој на почетокот на ЕП колабираше на терен. Белгија во второто полувреме го сврте резултатот во своја полза. Резултатот го изедначи Торган Хазард, а пресвртот го комплетираше Кевин де Брујне, кој во игра влезе од клупата.

Холандија, пак, без поголеми проблеми се справи во Австрија. „Лалињата“ со триумф од 2-0 ги заверија новите три бодови и пласманот во топ 16. Мемфис Депај во 11-та минута од пенал погоди за 1-0, а конечните 2-0 ги постави Дензел Дамфрис.

Холандија и Белгија ѝ се придружија на Италија во елиманициската фаза, а во втората рунда уште неколку селекции имаат шанса да го чекираат билетот помеѓу 16-те најдобри.

OhridNews