Залихите оружје на Белгија, со што земјата може да помогне за одбраната на Украина, веќе се исцрпуваат, изјави белгиската министерка за одбрана Лидивин Дедондер.
Според Дедондер, нејзината земја нема да биде во можност да најави нова голема помош. Белгиските власти биле во контакт со националните производители на оружје, за да се види што се има на залиха.
Од првите денови на војната што Русија ја води против Украина, Белгија за украинската војска обезбеди 5.000 пушки, 200 фрлачи на гранати, 3.800 тони гориво, средства за ноќно гледање и за лична заштита како и целосно ремонтирани хаубици М109.
OhridNews