Фудбалска Европа ќе добие нов шампион, откако бранителот на трофејот Португалија доживеа елиминација во 1/8 финалето. Подобар ривал од „европските бразилци“ беа белгиските репрезентативци, кои славеа со минимални 1-0 (1-0).
Од многуте супер ѕвезди на теренот, улогата на херој или човек на одлука му припадна на Торган Азард. Братот на Еден Азард во 42-та минута со топовски удар го матираше Руи Патрисио, кој требаше и мораше да реагира подобро.
Португалците во првиот и во вториот дел беа далеку подобар противник, но Белгија максимално ја искористи шансата и на голот го имаше расположениот Тибо Куртоа. Белгиската единица поуспешен беше во дуелите со Роналдо, Жота, Феликс, а многу среќа имаше во средбата со Гереро кој биеше во стативата.
Белгија во 1/4 финалето ќе ги одмери со Италија, а Чешка после денешната победа над Холандија ќе се судри со Данска.
OhridNews