Селекцијата на Белгија се закити со бронзениот медал на Мундијалот во Русија, откако во мечот за третото место во Санкт Петербург со 2-0 ја совлада англиската репрезентација.

Избраниците на Роберто Мартинез атак на медалот најавија уште на стартот од натпреварот со водечкиот погодок на Томас Муние. Офанзивниот играч со погодок ја круниса добрата акција на Белгија и го отвори резултатот. Конечните 2-0 ги постави Еден Азард во 82-та минута. Капитенот избегна офсајд стапица и на прва статива го матираше голманот на Англија, Пикфорд.

Завесата на Светското првенство во Русија ќе се спушти утре со финалниот натпревар помеѓу Хрватска и Франција. Финалето ќе започне со 17 часот.

OhridNews