Охридските ракометари со четири победи во шест натпревари сигурно чекорат по зацртаниот план во Супер лигата. Во седмата рунда охриѓани пред своите гледачи ќе се сретнат со Прилеп кој исто така има големи цели во ракометната елита.
– Викендов го играме најзначајниот натпревар во Супер лигата кој мора да го добиеме по секоја цена. Триумф над Прилеп нема да биде вреден само три бодови туку и порака до сите екипи дека во Охрид нема бодови. – рече Валентино Белевски.
Стружанецот одигра една од клучните улоги во победата на „гладијаторите“ на гостувањето во Велес, а на дуелот со Прилеп очекува полни трибини и атмосфера препознатлива за „Билјанини Извори“.
Дербито на колото првично е закажано во недела во 19 часот, но се уште Ракометната федерација на Македонија го нема прифатено терминот за одигрување на натпреварот.
Мх.П.