Еден погодок повеќе на семафорот (27-26) беше доволен за победа на „гладијаторите“ над екипата на Радовиш во дерби средбата во „Билјанини Извори“.
– Силно ја посакувавме победа иако ја извојувавме многу тешко. Екипата на Радовиш пријатно не изненади, но, и ние одигравме храбро и со срце – рече Валентино Белевски.
Со четири погодоци Белевски беше трети стрелец во охридскиот состав, а уште седум различни ракометари ја тресеа мрежата на гостите.
– Сезонава во Супер лигата нема лесни противници, а тоа екипата на Радовиш го покажа уште еднаш. Ние без разлика на противниците имаме цел, која чекор по чекор ќе ја остваруваме – додаде Белевски.
Мх.П.