Во Општина Дебрца вчера се одржа обука за зачувување и одржлив развој на Белчишко Блато (Сини Вирој).
Обуката е во рамките на проектот “Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)” , кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје а финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, инфирмира проектниот раководител Ѓоко Зороски
На обуката на која присуствуваа претставници на општина Дебрца и засегнати чинители од областа на блатото, беше истакнато дека општината го трасира патот за прогласување на блатото за заштитено подрачје.
За тоа како се селектираат потенцијални Натура 2000 подрачја и предизвици и бенефити од европската мрежа Натура 2000 во контекст на земјоделството, шумарството, сточарството и туризмот, говореше експертот Богољуб Стеријовски, додекс за земјоделските практики за одржливо управување со земјиштето и користење на природните ресурси во областа на блатото, стручно предавање одржа проф. д-р Сузана Јордановска.
Обуката е дел од проектните активности кои меѓу другото опфаќаат изградба на туристичка инфраструктура на блатото, мониторинг на заштитени видови од флората и фауната од блатото, изработка на студии, документарен филм, веб страница и кампања за придобивките од Белчишкото Блато од туристички и истражувачки активности.
OhridNews