Претседателот Барак Обама му наложил на својот персонал да започнат со производство на првото пиво во Белата Куќа. Информацијата ја објавил еден блог кој пишува за прехрамбените навики на америкаснкиот претседател. Претседателскиот пар пивото го нарекол White House Honey Ale. Со околу 100 шишиња од истото пиво биле послужени гостите на Белата Куќа за време на Суперболот, а следната серија пива Обама намислил да ја заврши до денок кога се обележува Свети Патрик.


Обама е првиот америкаснки претседател кој ќе произведува пиво во Белата Куќа. Пред него тоа го правел само Џорџ Вашингтон кој бил познат како љубител на пивото, но тој никогаш не живеел во Белата Куќа. Обама неколку пати покажал дека навистина го сака пивото. Со канадскиот премиер Стефен Харпер се обложил во сандак пиво за резултато на хокеј натпреварот на олимписките игри 2010, а на состанокот на групата G20 минатата година со британскиот премиер Дејвид Камерон размениле по еден сандак пива.