Македонските фудбалски надежи претпреа пораз (2-1) од Англија во квалификациите за ЕП 2011. Избраниците на Бабунски одигра одлично прво полувреме по кое на одмор се замина со евроголот на Ибраими во 35 минута.
По одморот македонските надежи место да го матираат противникот кој одигра далеку под своето реноме, му дозволија не само да изедначи туку и на крајот да го однесе целиот плен од Прилеп.
По утката на Ејупи, прилика преку која можеше да се запечати победата, прво им подаривме погодок на гоститете, за да потоа на десетина минути пред крајот по почетничата грешка на нашата одбрнаа од пенал Катермол ги постави конечните Македонија – Анаглија 1-2.
Останува горчината и начинот на кој го доживеавме овај пораз во натпревар и пред се во игра во која воопшто не бевме инфериорни. Уште еден пораз “Ала Македонија“.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com