По повод 21 јуни – Денот на нашето Охридско Езеро, беа организирани две флотили.
Учество зедоа едриличари од неколку едриличарски клубови, меѓу кои и најмладите членови од школата за едрење на „Акватика јахтинг“ кои имаа дефиле со едрилици од класата „Оптимист“.
Денот на Езерото треба да биде секој еден ден од годината. Тоа е едно од нашите најголеми природни реткости кое треба да се трудиме со секоја една наша постапка да го заштитуваме. – велат од школата за едрење на „Акватика јахтинг“.
OhridNews