Секоја сезона носи одредени модни трендови кои ги надополнуваат веќе постоечките модни стилови од минатите години. Ова лето, бело од глава до пети ќе биде ултимативен моден тренд.
После темните тонови кои преовладуваат во зимската гардероба, време е да се облечат светли тонови.
Оваа сезона апсолутен хит е белата боја, која всушност и никогаш не излегла од мода бидејќи секогаш добро се согласува со останатите парчиња облека која ја имате.
Сепак, мала новина е тоа што сега е апсолутен моден хит да се облечете во бело од глава до пети. Можете да комбинирате и различни нијанси од потемна-крем до блескаво бела. Доколку сакате уште повеќе да го освежите вашиот изглед, многубројните разнобојни модни додатоци секако ќе ви помогнат во тоа.
Можностите се различни, само потребно е да се опуштите и да зачекорите весело во претстојните жешки денови.
извор:zenstvena.com