Жирафа чија кожа е целосно бела, поради депигментација, стана главна атракција во националниот парк Тарангире, на северот на Танзанија, пренесува „Макфакс“.
Како што објави Huffington Post, телото на белата жирафа е наречено по прашокот за перење на веш „омо“, прекриено е со бледи, сивкасти пеги, а единствено гривата и е со препознатлива црвеникава боја.
Омо е единствена позната албино жирафа. Нејзиниот вообичаен изглед се чини посебно ранлив бидејќи би можела да го привлече вниманието на ловокрадците.
Докторот Дерек Ли смета дека животното, старо само 15 години, претставува лесно воочлив плен за предатори.
Тој наведе дека Омо е прифатена од останатите „нормални“ жирафи кои ни најмалку не делуваат загрижено поради нејзиниот пигмент.
OhridNews
извор: „Макфакс“