Министерството за здравство воведе таканаречен „Бел телефон“ – 15444 на кој граѓаните ќе можат 24 часа да поставуваат прашања, да даваат сугестии или да достават пријава од областа на здравствената заштита.

– Линијата во прво време  ќе ја опслужуваат тројца службеници. Во вечерните часови разговорите ќе се снимаат и наредниот ден службениците ќе им се јават на граѓаните или евентуално ќе ги посетат, објасни како ќе функционира Белиот телефон на Центарот за здравствена заштита,  министерот за здравство Бујар Османи.

OhridNews