Еден примерок од печурката бел тартуф тежок 750 грама бил продаден на аукција во Италија за 100 илјади евра. Тартуфот го купил непознат купувач од Хонгконг. На истата аукција биле продадени вкупно 11 тартуфи, а вкупна сума од 250 илјади евра.


Пред две години, еден бел тартуф тежок еден и пол килограм бил продаден исто така на аукција, во Италијанската покраина Тоскана за рекордни 223 илјади долари.