Екипата на Бел Мерцедес триумфираше на четвртиот меморијален турнир во мал фудбал „Лескоец 2014“.

Во финалниот натпревар „белите мечки“ го совладаа Вис Пој со 4-1. Два од четири погодоци постигна Љубен Далчев, а по еден реализираа Љупчо Митрески и Томче Речкоски. Почесниот погодок за „порткаловите“ го постигна Димче Пазаркоски.

Утешното трето место им припадна на фудбалерите од Кадмо кои во малото финале со 2-1 беа поуспешни од Мешеишта.

Стрелецот на два погодоци во финалето Далчев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот.

Чуварот на мрежата на Вис Пој, Орце Лазески доби награда за најдобар голман, а наградата за најпрецизен голгетер му припадна на Антонио Крстаноски од АСМ Рача.

Мх.П.