Екипата на Бел Мерцедес триумфираше на второто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ победувајќи го АСП Пак во финалето со 5-1.
„Мечките“ со два брзи голови го скршија отпорот на АСП кој направи се да се врати во игра. Во вториот дел Бел Мерцедес со три голови ја завери победата, а АСП успеа да постигне почесен погодок.
Во малото финале победи екипата на Вила Хармони која по изведувањето на пеналите го совлада тимот на Црна Река (5-4), откако регуларниот дел заврши без победник 3-3.
За најдобар голман на турнирот избран беше Јанче Јанчески од Вила Хармони додека епитетот најдобар стрелец со 13 голови го понесе Мишо Ѓоргиевски од АСП Пак.
OhridNews