Екипата на Бел Мерцедес го одбрани трофејот на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“ совладувајќи го составот на Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн во финалето со минимални 1-0.

Моментот на одлука во финалето падна на почетокот од мечот кога Александар Глигоров ја погоди мрежата на противникот. Јалови беа нападите на тимот  на Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн во текот на целиот натпревар.

Во најава за големото финале на третиот меморијален турнир екипата на Мистер И со 10-1 го совлада тимот на Санитарија Грини.

За најдобар голман на турнирот прогласен беше Елдин Превелиќ, а наградата најдобар стрелец му припадна на Љупчо Далчев.

Фудбалската атмосфера на финалниот ден ја комплетираше културно уметничката ѕвезда Елена Велевска, која ја изведе националната химна и уште неколку нејзини песни.

Фотогалерија:

OhridNews