Екипите на Бел Мерцедес и Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн ќе се сретнат во финалето на третото издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.

Во полуфиналните пресметки Бел Мерцедес со 2-1 го совлада составот на Мистер И, додека Златара Бонасера и Адвокатска канцеларија Шајн со 4-1 славеше против Санитарија Грини.

Финалните натпревари на меморијалниот турнир се денеска. Малото финале започнува во 21 часот и 30 минути, а финалето во 23 часот и 15 минути.

Фотогалерија: 

OhridNews