Екипите на Бел Мерцедес и Мистер И ќе се сретнат во финалето од првиот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.

Во полуфиналните натпревари Бел Мерцедес забележа победа над Жито Леб 3-1 додека Мистер И славеше 3-0 против АСП Пак.

Финалните натпревари на меморијалниот турнир се играат в среда со почнувајќи од 20:00 часот.

Мх.П.