Екипите на Бел Мерцедес и Вила Хармони им се придружија на АСП Пак и Црна Река во полуфиналето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


Во четвртфиналните пресметки „мечките“ и „сините“ славеа над Вис Пој 5-3 односно Брник Битола 4-1 и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на второто издание на турнирот со меморијален карактер.


Вицешампионот од првото издание, Бел Мерцедес во 1/2 финалето ќе се сретне со Црна Река, а другата полуфиналната двојка ја сочинуваат АСП Пак – Вила Хармони.


Полуфиналните натпревари на програмата се в понеделник со почеток во 21 односно 22 часот.


Резултати:

Брник Битола – Вила Хармони 1-4

Бел Мерцедес – Вис Пој 5-3

Двојки 1/2 финале:

21ч Црна Река – Бел Мерцедес

22ч АСП Пак – Вила Хармони

OhridNews