Екипата на Бел Мерцедес го освои Велигденскиот турнир во мал фудбал Охрид 2012. Во финалето Бел Мерцедес минимално со 1-0 го совлада Бекче. Стрелец на единствениот гол беше Велески во финишот на првиот дел.
По пет минути од мечот првата можност ја имаше Јосифоски но неговиот удар заврши покрај голот. Неколку минути подоцна Ецкоски се најде во одлична можност но беше краток и моќноста пропадна.
Повторно “сините“ беа тие кои нападнаа а ударите на Лолески и Асани од дистанца завршија покрај голот на Абди.
На нивните удари, возврати Митрески но Чипаноски беше внимателен. На средина на првиот дел, Велески беше блиску до погодок по комбинацијата со Нически , но уште еднаш Чипаноски беше на место.
По исклучувањето на Маркоски , играч повеќе имаа “белите“ а блиску до погодок беа Нически и Ецкоски, но Велески беше тој кој погоди за предност.
На стартот на вториот дел Бекче нападна, повторно со удари од дистанца, кои не ја погодија целта. Контранападите беа најсилното оружје на Бел Мерцедес, а такви можности не искористија Стојкоски и Нически. Митрески го совлада Чипаноски, но дирекот беше сојузник на “единицата“ на Бекче.
Најзрелата прилика во финишот на мечот ја имаше Милошевски но неговиот удар од непосредна близина заврши над голот.
Во финишот на мечот Бекче нападна се играше пред голот на Абди, но погодок немаше.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com